Дамјановски вети реконстукција на улиците во центарот на Куманово

Од:

Економско-индустриска зона во Речица со целосна инфраструктурна поддршка од општината, која ќе овозможи функционирање на 60-тина стопанственици и можност за вработување на 2500 кумановци, вети кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски на средба со граѓаните од месната заедница „Трета Македонска Ударна Бригада“.

Од Куманово има над 5.000 печалбари во Авганистан и Ирак кои имаат сопствен капитал и кои коже да инвестираат за развој на мали претпријатија и да придонесат за намалување на бројката на невработените во општината, рече Дамјановски.

Најави изградба на еколошко-енерегетски комплекс, горилница за цврст отпад во Доброшане, како проект на Североисточниот регион кој со средства од европските фондови и јавно приватно партнерство ќе овозможи решавање на проблемот со цврстиот отпад од шестте општини од регионот, но и можност за призводство на електрична енергија и 70-тина нови вработувања.

Еден од капиталните проекти е изградба на административно деловен комплекс во строгиот центар на градот кој освен општинска зграда е предвидено да има и трговски центар, рече Дамјановски.
Вети завршување на базенот, изградба на спортски сали, три градинки, мини шеталишта и комплетна реконструкција на улиците во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар