Дамјановски вети изградба на горилница за решавање на проблемот со цврстиот отпад

Од:

Кандидатот за градоначалникот од СДСМ, Зоран Дамјановски и носителот на листата Максим Димитриевски, денеска посетија неколку чевларски претпријатија и ветија дека локалната власт ќе преземе мерки за создавање услови за локалниот економски развој.

– Од најголем индустриски град, Куманово стана загубар и наша задача е создадеме услови за локалниот економски развој. Во програмата е предвидено отворање на економска зона, горилница, што ќе придонесе за локалниот економски развој. Чевларството во Куманово мора да се стимулира, зашто е водечка гранка во општината, изјави Дамјановски.

Економската зона според Дамјановски на стопанствениците им нуди површина од 600.000 метри квадратни, а општината ќе инвестира во инфраструктурно уредување, патна инфраструктура, водводна и канализациона мрежа со што ќе овозможат оптимални услови за стопанствениците да инвестираат средства за развој на мали и средни претпријатија.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Дамјановски вети и изградба на горилница која ќе овозможи решавање на проблемот со цврстиот отпад.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември