Дамјановски вети изградба на деловно-административен комплекс во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски денеска на прес-конференција вети изградба на деловно-административен комплекс на локација „Чоробенско Ќоше“. Идејниот проект веќе е избран на конкурс, а според Дамјановски, комплексот ќе биде економски исплатлив објект.

– Се работи за пет и пол илјади кавдратни метри комерцијални содржини со што долниот дел ќе има подземни трикатни гаражи. Комплексот ќе има дел за административна зграда на општината со шест илјади квадратни метри, а ќе има можност и за подрачните единици на министерствата, рече Дамјановски и додаде дека станува збор за еден од најатрактивните проекти.

Дамјановски најави и шеталиште на улицата „Ленинова“. – Овој проект е условен со новиот генерален урбанистички план, бидејќи сообраќајното решение не го дозволуваше досега, рече Дамјановски.
Кандидатот за градоналник од СДСМ повторно го повика политичкиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски на дуел на локалната телевизија за, како што рече, да ги споредат локалните програми.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар