Дамјановски вети дека ќе се фокусира на економскиот развој

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска на жителите во населбата Иго Тричковиќ им вети дека ќе ги реши комуналните проблеми и невработеноста.

Ова голема урбана средина имаше и се уште има отворени комунални проблеми, кои се надевам ќе ги решиме во наредниот период. Досега ги решивме главните сообраќајници, цевководи кои ги работевме заедно со проектот на месната заедница, а во иднина се надеваме да направиме асфалт до секоја улица. Тоа е една од заложбите, бидејќи тие две работи одат паралелно – изјави градоначалникот.

Тој додаде дека во следниот мандат ќе се фокусира на економскиот развој, бидејќи во градот, како и во населбата, има многу невработени луѓе.

Најави дека официјалната промоција на кандидатите за градски советници и неговата промоција за кандидат за градоначалник ќе се одржи во петок, во Центарот за Култура од 19 часот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение