Дамјановски се сретна со претставници на чевларската индустрија

Од:

Мојата програма и проектите опфатени во неа се од општ интерес за граѓаните и се прецизни не само со рокови туку и начинот на финансирање, изјави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски.

– Во изминатите два мандати  реализирав над 85 проценти од проектите што беа во програмата, рече Дамјановски.

Тој ги отрфли обвинувањата на дел од полтичките опоненти дека за време на изборите спроведува инфраструктурни проекти.

– Локалната самоуправа нема отпочнато ниту еден проект надвор од законските рокови, туку станува збор за довршување на улици кои се отпочнати пред неколку месеци, вели Дамјановски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ денеска оствари средба со претставнциите на чевларската индустрија и пред нив ги презетнираше проектите за изградба на нова економска зона во Речица  и изградба на горилница за цврст отпад.

– Чевларството е носечка гранка во стопанството на Куманово. Со стопанствениците разговараме за ингеренциите на локалната власт во насока на подобрување на економскиот развој и намалување на невработеноста, вели Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија