Дамјановски се сретна со кумановските стопанственици

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски денеска оствари средба со стопанствениците од приватните фирми од Куманово од индустриските зони  во населбите Карпош, Доброшане и Бедиње. Пред стопанствениците Дамјановски најави дека поттикнувањето на економскиот развој во општината има доминантно место.

– Во нашата програма предвидена е изградба на индустриско-економска зона во близина на Речица, каде општината ќе инвестира во инфраструктурно уредување, патна инфраструктура, водводна и канализациска мрежа со што ќе овозможат услови за стопанствениците да инвестираат средства за развој на мали и средни претпријатија, вели Дамјановски. Тој додаде дека зоната ќе има 60 стопански субјекти.

Пред стопанствениците од различни индустриски сектори, Дамјановски најави дека во програмата е предвидена изградба на горилница за цврст отпад која ќе овозможи решавање на проблемот со отпадот, но ќе овозможи и производство на електрична и топлинска енергија.

– Станува збор за уште една инвестиција која ќе допринесе за намалување на бројката на невработените, вели Дамјановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија