Дамјановски присуствуваше на состанок на стечајците од УНИТ

Од:

На редовниот состанок на кумановските стечајци, присуствуваше и градоначалникот, Зоран Дамјановски.

Дамјановски на присутните стечајци им соопшти дека за март и април, локалната самоуправа нема да ги плати долговите на стечајците за вода и смет, поради предизборниот период.

-По завршувањето на изборите ќе ја засилиме агендата за социјалните донации. Јас сум оптимист дека овие избори ќе бидат пресврт на политичката сцена во Македонија, а дефинитивно со предвремени парламентарни избори ќе дојдеме на власт. Прво на што ќе работиме, ќе биде проширување на законот за стечајците и опфат на сите кои го чекаат тоа.

– Јас само како човек ви гарантирам дека таа програма за социјална заштита ќе продолжи и по изборите кога ќе победиме – изјави Дамјановски, кој за досегашната поддршка, од стечајците доби благодарница.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он