Дамјановски присуствува на Собрание на Асоцијација на градови во Грција

Од:

Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски со делегација од Општина Куманово деновиве присуствува на 26-тото Собрание на Асоцијација на градови-носители на порака на мирот, кое годинава се одржува во Месолонги, соседна Грција.

На самата асамблеа е предвидено да присуствуваат делегации од над 30-тина градови-носители на порака на мирот.

Традиционално на отворањето како што ни соопштија била прочитана и порака од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан ки Мун, чија составна комисија е Асоцијацијата на градови на мирот.

damjanovski-grcija1

На самото собрание ќе бидат разгледани достигнувањата на градовите-членки во промовирањето на вредностите, воспоставени во Декларацијата за зачувување на мирот и исто така ќе биде извршен прием на нови членки во организацијата.

Општина Куманово е дел од ова големо семејство на градови од 2009 година, кога свечено беше примена заедно со Барселона, Мексико Сити и Загреб.

Елена Георгиевска
ФОТО: Општина Куманово

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски