Дамјановски најави економска зона во Куманово

Од:

Решавање на инфраструктурните проблеми, отворање економска зона и нови вработувања, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски при денешната посета на кумановската населба „Ајдучка Чешма”.

– Програмата е изработена врз основа на претходно извршени анализи од теренот во изминатиот период и опфаќа решавање на комуналните и социјалните проблеми во Куманово. Програмата ќе биде промовирана во петок, изјави Дамјановски.

Додаде дека во изминатите два мандата како градоначалник посветил внимание на решавање на инфраструктурни проблеми во овој дел од градот како што е изградба на една клучна и неколку споредни улици, како и решавање на канализационите проблеми.

Најави отварање на економска зона на два-три километри оддалечена од оваа населба на потегот кон село Речица.

– Предвидено е отварање на 60 индустриски стопански капацитети и можност за вработување на 2.500 луѓе. Локалната самоуправа ќе ги решава инфраструктурните потреби на зоната со што ќе придонесе за локален економски развој, изјави Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември