Дамјановски: Ќе ја прифатиме иницијативата за изградба на кружен тек

Од:

Градоначаланикот на општина Куманово Зоран Дамјановски изјави дека е отворен за идеи и дека ќе ја прифати иницијативата за изградба на кружен тек кај крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револузија“, но дека претходно е потребно да се донесе идејно решение за оваа крстосница.

Тој тоа го изјави на денешната прес-конференција, која следеше како одговор на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дамјановски рече дека и претходно во два наврати се носеле идејни решенија за изградба на кружен тек на оваа крстосница, но не биле понудени адекватни одговори на тој простор да биде изградена сообраќајна студија. Појасни дека за изградба на кружен тек на таа локација би се зафатила поголема површина, вклучително и имот во приватна сопственост. Ако се понуди идејно решение, потенцираше дека ќе биде вметнато во новата развојна програма и ќе биде буџетски поддржано.

Најави  имплементација на новиот ГУП со сообраќајна студија која, како што рече, е во фаза на распишување што ќе биде многу тешко да се направи поради Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

– Должни сме да ги запазуваме тие стандарди. Имаме секојдневни проблеми, имаме диво изградени објекти кои чекаме да се легализираат, комплицирано е со узрупација на одреднеи објекти на јавно-прометни површини и додека трае процесот не можат системски да се решат проблемите, рече Дамјановски.

Тој, исто така, информираше дека етпано се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од градот и најави нивно завршување до крајот на јуни. Што се однесува до изградба на велосипедски патеки, рече Дамјановски, решение за нивна изградба ќе понуди сообраќајната студија.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување