Дамјановски: Јас сум црна дамка во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски испрати реакција на на прес–конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше обвинет за лошата состојба во ЈП Водовод.

„Лошата финансиска состојба на ЈП Водовод е резултат од лицемерната политика на Владата на РМ предводена од Никола Груевски“, вели Дамјановски.

Посочува дека во последните три години, Управниот одбор на ЈП Водостопанство-Куманово-Липковско поле, кое е под влијание на ВМРО-ДПМНЕ, за повеќе од 270 проценти ја зголемија цената на водата. Цената на струјата е зголемена за 70 посто. Но водата за граѓаните остана со иста цена, поради тешката финансиска состојба.

„Разликата не може да се наплати, бидејќи има само 55 проценти наплата на сметките. Во овие услови, невозможно е со какви било методи ЈП да се стабилизира“, реагира Дамјановски.

Градоначалникот на Куманово апелира и оваа трета година по ред да се направи Регулаторна комисија која ќе ја унифицира цената на сировата вода, односно вода која доаѓа од акумулационите езера и од природни извори, со што ќе се стави ред во водоснабдувањето.

„Оваа состојба е резултат на политичкиот притисок што се врши врз Зоран Дамјановски, кој е црна дамка во нивното политичко живеење во овие осум години“, стои во реакцијата на градоначалникот на Куманово.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски