Дамјановски ги прими учениците – добитници на третата награда на Струмичкиот карневал

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска организираше прием за учесниците во групната маска „Венецијанска кралица со дворјани“ која ја освои третата награда на карневалот во Струмица по оценка на стручното жири во конкуренција помеѓу 30 и 50 учесници.

Маската ја подготвија учениците и професорите од средните училишта „Гоце Делчев“, „Наце Буѓони“, „Перо Наков„ и „Киро Бурназ„ Во изработка на маската учествуваа учениците и професорите, а идејата била учениците. Учеството на учениците и професорите се спроведува со поддршка на секторот за образование од општина Куманово.

– Ние како град веќе деценија учествуваме на карневалот. Многу ми е драго што учениците и нивните професори успеаа да се изборат за награда во силна конкуренција и да го претстават Куманово во најдобро светло“, изјави Дамјановски.

Професорската Марија Тодоровска изјави дека наградата е поттик за учество и идната година на Струмичкиот карневал и се надева дека идната година ќе имаат подобра идеја и реализација.

Учениците учесници во групната маска велат дека се задоволни од постигнатиот успех и од стекнатото искуство.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он