Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Од:

Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија.

По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице.

-Бог се јави. Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите, рече малиот Дамјан.

Него освен годинашните кумови, Лилјана и Роберт Михајловски, соодветно го даруваа и верниците. Кумството за до година го презеде семејството на Теофан Ангеловски од Дебар.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски отслужи света златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани, кои денес живеат во други градови во земјава, кои си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и благосостојба.

Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион, каде по повод Водици дојдени се поранешни жители и нивните потомци и ги заживеаја селата. Посебно по празнувањето се препознатливи селата Битуше, како и Горенци, Гари и Долно Мелничани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ