А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Даме Ложанкоски нов претседател на СДСМ во Струга

by А1он26/09/2013 - 16:29179
Share0

Струшките социјалдемократи добија нов претседател. За прв човек на партијата во Струга е избран Даме Ложанкоски, актуелен советник во Советот на општина Струга.

Добивај вести на вибер

Тој доаѓа на местото на Ристе Ќушкоски, кој беше еден од иницијаторите за формирање на заедничка советничка листа на македонскиот блок партии во Струга и заеднички настап со кандидат на градоначалник на последните локални избори. На прашање на А1 што понатаму со коалицијата помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ во Струга, Ложанкоски рече дека нивниот став ќе го соопштат по формирањето на новите органи и тела на партијата во Струга.

„Ние со ВМРО-ДПМНЕ сме две различни политички партии“ рече Ложанкоски.

За сега никој официјално не зборува ниту за коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со ДПА на локално ниво во Струга иако добро упатените коментираат дека коалицијата веќе функционира во сенка, поради тоа што дел од новите директори во некои од основните и средните училишта во градот се нивни кадри и дека помеѓу новите вработени Македонци во општина Струга има и членови на двете македонски партии. Останува да се реализира уште изборот на претседател на струшкиот совет и тоа најверојанто ќе биде првиот предлог на ДПА, Абдула Ќазимоски.

Изборот се очекува да се официјализира веќе на наредната седница на советот на Општина Струга, на почетокот на октомври. Сепак партиски извори од Струга од двете партии велат дека коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на крајот тешко дека ќе опстане и оти многу тешко ќе може да и се објасни на јавноста тоа.

Мики Трајковски

struga

Би можело да ве интересира

Починато бебе однесено во струшката болница

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 10:54

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Горан Наумовски04/05/2025 - 15:52

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски04/02/2025 - 14:0504/02/2025 - 14:06

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Катерина Ѓуровски03/02/2025 - 12:53

Дете почина во болницата во Струга

А1он02/02/2025 - 12:0502/02/2025 - 12:05

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Катерина Ѓуровски06/11/2024 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен