Дали Вељаноски ќе се осмели и ќе го опомене Ахмети дека „бега од часови“?

Од:

Oпозициските пратеници беа брутално исфрлени од Законодавниот дом. И бидејќи „цело е кога има се“, најитно се состана надлежното собраниско тело, и изгласа колегите кои мирно ги гледаа како ги влечат, плус да ги казнат, и да земаат една третина од платта.

Власта објаснуваше дек работеле според Закон, и ако некој не доаѓа, не може да зема плата.

Зошто принципиелноста на власта не ја покажат на дело и не срочат правила да не се злоупотребува одредебата дека секретарката може да ве оправда за недоаѓање на седница. И тоа да трае со месеци?

Дали власта ќе има храброст слично да постапи и према коалицискиот партнер ДУИ. Нивнио шеф Али Ахмети, во периодот јануари-јули, од 91 одржана седница, не дошол ниту еднаш, ниту дикутирал, ниту предложил Закон,ниту поставил пратеничко прашање. Дали претседатлот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се осмели и ќе го направи овој чекор, и ќе ја надмине ситуацијата, која значи злоупотреба. Според правилата може пратеникот да не се појави, и со само најобично кревање телефон, секретарка ќе го оправда дека оправдано ќе отсуствува, и толку, платата е загарантирана .

Ахмети се појави во Собранието само на 24.декември , по инцидентот да влезе и да го гласа буџетот.

Член 31 од Деловникот пропишал:

Претседателот на Собранието го повикува и го информира пратеникот кој три пати едноподруго не присуствувал на седниците, а не го известил претседателот на Собранието за своето отсуство.

За секое натамошно неоправдано отсуство, претседателот на Собранието го опоменува пратеникот и за тоа ја известува Комисијата за прашања на изборите и именувањата и координаторот на пратеничката група.

На пратеникот кој отсуствува најмалку три пати едноподруго од седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, му се одбива 5% од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

A за редот во Собранието е пропишано

Член 91

За одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието.

За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот.

Член 92

Претседателот на Собранието ќе го опомене пратеникот ако со своето однесување, со земање на збор кога претседателот не му дал збор, со упаѓање во збор на говорник или со слична постапка го нарушува редот на седницата.

Претседателот на Собранието ќе му го одземе зборот на пратеникот, кога тој со својот говор на седницата го повредува редот, а на истата седница два пати е повикан да се придржува за редот на седницата.

Член 93

Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието.

Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата.

Ако претседателот на Собранието не може да го одржи редот на седницата, ќе одреди краток прекин на седницата.

Член 94

Одредбите за одржување на редот на седницата на Собранието се однесуваат на сите учесници на седницата.

И сега, што од актуелните прописи беше испочитувано. Или пак одредбите имаат селективна употреба?

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште