Дали и кој си игра со оние кон кои животот бил немилосрден.
По одлуката, инвалидите и покрај нивната судбина и мака, да го докажуваат својот инвалидитет, сега од непознати причини власта се предомисли, и вели, лицата со траен инвалидитет не треба да вадат вакви потврди .
Мерима Јонузовска, која за а1 пред дваесетина дена говореше отворено за скандалозната одлука, сега е шокирана од изјавата на ресорниот министер, дека маките биле залудни.
Овие граѓани со колички, со други помагала дојдоа да си ја исполнат обврската за да не им биде укината инвалиднината, која изнесува околи 4.200 денари. За потврдата, која ја добија без да бидат прегледани, платија 2.500 денари.
Мерима, која е познат борец, и не се плаши да ја каже вистината, прашува, дали и како ќе им бидат вратени парите, и кој ќе им ја надомести болката, маката и понижувањата.