ВИДЕО: Дали како пратеник со 1.000 евра можам да си дозволам да седам во Скопје?

Од:

Алија Камбероски, кој e прв на листата на топ 20 пратеници според потрошените средства за патни трошоци за 2017 година што ја објави „Макфакс“, патува од Лабуништа, Струга, и во еден правец поминува околу 174 км за да стигне до Скопје.

Според пресметките што може да се добијат на порталот viamichelin.com, во просек патот до Скопје од оваа локација еден граѓанин кој патува со свој автомобил, без патарините, би го чинел нешто повеќе од 18 евра или 36 евра во двата правци. Доколку на тоа се додадат и околу 5 евра за патарини во двата правци, трошоците би изнесувале 41 евро за патот до Скопје. Ако  во месец со набиена агенда еден граѓанин реши да патува 20 пати до Скопје и назад од оваа локација, според оваа пресметка, ќе потроши околу 820 евра за патни трошоци. Доколку се примени актуелното правило за враќање на 30% од оваа сума, тогаш граѓанинот би требало да побара 246 евра за патните трошоци.

Но, трошоците за пратениците се пресметуваат според друга методологија бидејќи не им се брои само потрошениот бензин туку и изминатите километри. Тие со сегашната одлука на Собранието имаат право на надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 30% од продажната цена на еден литар гориво според изминат километар, плус патарините. Па така, во април Камбероски земал околу 2 илјади евра за патни трошоци, во јули 2364 евра, додека во ноември 2427 евра.

Камбероски од март до ноември лани за само девет месеци од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци, што значи дека во просек само за патот до Собранието и назад месечно добивал дополнително по 1.427 евра.

Повеќе на Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови