(ВИДЕО) Вработените во Славија: Ќе се самозапалиме

Од:

Поранешните вработени во АД „Славија“ повторно беа излажани. И покрај ветувањето дека ќе имаат средба во Управата на Славија со раководителката, со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Земри Ќамили и со Хелсиншкиот комитет за да се договори исплатата на нивните 39 плати, сепак останаа од надворешната страна на капијата.

Вработените бесни на ваквата манипулација и „уморни од многугодишните лаги“, се заканија со порадикални чекори и со самозапалување.

На Капијата пред АД Славија беше запрена и Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет. Таа изјави дека работниците треба да ја дочекаат правдата која е на нивна страна и дека очигледно е прекршувањето на човековите права во овој случај. Според Пировска не држи изговорот дека нема имот за да се исплатат платите на поранешните вработени во АД „Славија“.

Вработените во АД „Славија“ иако имаат позитивна судска одлука, сеуште не можат да ги добијат 39 те плати чиј вкупен износ е околу 5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Власта имаше намера да ја даде АД Славија на свој олигарх по нереално ниска сума

Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажбата на акциите на АД „Славија“

Влада: Продажбата на акциите од АД Славија е запрена поради барањето за времена мерка доставено до Судот

Ана Ололовска

Агенција за управување со одземен имот: ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија тврди СДСМ

Арсовски: АД Славија секоја година има приходи од 50 милиони денари