Дали е на повидок обид за изборен фалсификат?

Од:

„Државјани на Република  Албанија, со македонска националност нападнале локален фотограф во Ресен додека на нотар заверувале фиктивни документи за вадење на лични карти со кои ќе можат да гласаат за владеачката партија која во Ресен нема ни 20 %  поддршка од граѓаните“, оваа вест ја објави порталот Скај.

Порталот информира дека инцидентот се случил вчера  , а интервенирала и полицијата.

Потсетуваат дека неодамна екс-градоначалникот Димитар Бузлевски предупреди на ваквиот криминал кој претставува сериозно кршење на уставот и со ова требале  да се обезбедат  дури 1.000 фиктивни гласачи.

Неофицијално Скај дознава, дека вкупно 114 лични карти биле издадени само вчера на лица кои немаат никаква врска со местото на живеење во Ресен.

Според сознанијата пак  на ОхридСкај оваа појава будно ја следи ОББСЕ/ОДИХР,  запознаени биле амбасадите , а ќе се бара и увид во избирачките списоци.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада