Дачиќ до Владата : И Србија ќе ја има предвид позицијата на ЕУ за името на Македонија

Од:

По најавата на официјално Скопје дека го менува ставот за воздржаност при гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, порача дека и Србија може да го промени својот став за прашањето на името на Македонија.

-Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ги погаѓа Србија и српскиот народ, на претседателот Вучиќ ќе му предложам Србија во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто така, како и тие околу Косово во УНЕСКО, да ја има во вид позицијата на Европската Унија, истакна Дачиќ.

Во изјава за Танјуг тој укажа дека најавата на официјално Скопје дека ќе гласа за членството на Косово во УНЕСКО имајќи ја во предвид позицијата на повеќето земји членки на ЕУ, „е директно спротивна на сите досегашни изјави на македонскиот премиер Зоран Заев, дека Македонија ќе биде воздржана“.

Дачиќ за Танјуг истакна дека Заев, освен со јавните изјави на оваа тема, ставот за воздржаност го изнел и пред премиерката Ана Брнабиќ во Трст.

Промената на ставот, порачува шефот на српската дипломатија, „директно ќе влијае врз нашите добрососедски односи“, укажа Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ