Дачиќ: На Македонија и пречат српските, но не и американските и германските разузнавачи

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека на Македонија и пречат српските разузнавачи, но не и американските, германските и француските, пренесува БТА.

Оваа изјава Дачиќ ја даде откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, со цел да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Амбасада во Скопје и вработен во Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.

Дачиќ наведе дека разговорот бил коректен и дека не станало збор за преземање мерки против Живаљевиќ.

Тој исто така го наведе и како „премногу интересно“ тоа што во македонскиот Парламент на 27 април се наоѓале и претставници на странски служби, но властите во Скопје не ги повикале нивните амбасадори.

– Ние ќе се обидуваме да имаме најдобри односи со соседите. Но, како што тие се однесуваат со нас, така ние ќе се однесуваме со нив, нагласи Дачиќ.

Тој исто така забележа дека Живаљевиќ ги известувал македонските власти за своето движење и активности.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ