Д-р Шиколе го поддржува државниот испит, но и дал пари во касата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:
Во одбрана на екстерното или по ново државен испит застанаа лекари кои го правдаа воведувањето на овој проект на Владата во високо образовните институции. Додека илјадници студенти отворено се спротивставија на идејата за екстерно, бранејќи ја автономијата на факултетите каде студидараат, на владините телевизии поддршка за екстерното стигна од неколку лекари.

Меѓу нив е и в.д. директорот на Клиниката за нефрологија, Александар Шиколе.
Директорот Шиколе кој веќе шест години е со предзнак вршител на должност е помеѓу лекарите кои за локалните избори во 2013-та донираше во касата на ВМРО-ДПМНЕ и директно ја помогна кампањата.

Од својот џеб Александар Шиколе според извештајот на партијата доставен до Државна ревизија дал 34.000 денари на 17.05.2013-та година.
zavodzarevizija 1
Шиколе на една од националните телевизии зборува за државниот испит на медицинскиот факултет.

„Јас сум го полагал и моите колеги и на тој начин се обезбедува лекарите кои го положиле државниот испит, кандидатот располага со минимум знаење неопходно за вршење на оваа дејност. Секако дека е неопходно“, изјави Александар Шиколе за Канал 5 Телевизија.
Според податоците на Државна ревизија каде се гледа дека Шиколе донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ под сомнеж е ставена неговата поддршка за проектот но и причините за тоа.

Водејќи се по постапките на одредени медиуми Александар Шиколе треба да биде заокружен како донатор за владеачката партија со црвен круг поткопувајќи го неговиот личен став кој се поклопува со оној на ВМРО-ДПМНЕ поради фактот што дал пари во касата на партијата на власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина