А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Д-р Маја Мојсова: Здравствениот систем не е во колапс, здравствените работници се во колапс!

by Мери Јордановска20/06/2020 - 19:1520/06/2020 - 19:342214
Share0

Маја Мојсова, директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) преку Фејсбук статус изрази огорченост од недговорноста на дел граѓани кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, од граѓаните кои ги осудуваат здравствените работници за нестручно справување со Ковид-19 и од сите оние кои не ја разбираат сериозноста на проблемот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Напливот на пациенти во болниците е се поголем, а голем дел здравствени работници кои се справуваат со корона кризата, веќе четири месеци постојано се на работните места, нешто што доведе до потреба од ротации и доаѓање на медицински лица од други болници и од други градови.

Мојсова, во својот Фејсбук статус, зборува токму за ова, за проблемите на медицинскиот кадар и за последиците од неодговорното однесување на поединци.

Фејсбук статусот го пренесуваме во целост:

Следете a1on на Youtube YouTube

„Од март месец знаевме, се спремавме со чемер и со јад во душата. Го гледавме италијанското сцрнарио и да, се секиравме за нас, ама и за вас, драги мои. За овие 4 месеци секојдневно се прави прераспределба на здравствен персонал. КАРИЛ беше и е сегде. Вкупно 40 доктори и сестри помагаа и на Инфективната клиника и во ‘8 Септември’. Секој ден е посебна приказна. Пациентите со Ковид се сегде, а не само во овие две болници. Тие доаѓаат да се оперираат, тие прават сообраќајка, имале акутна состојба во стомакот и безброј други болести кои не се Ковид… Скршиле рака, нога, кичма…и да, дали знаете дека многумина од нив се позитивни. И тие пациенти лежат по клиниките. Некогаш се толку итни, што не ни размислуваме за тоа дали се позитивни или негативни, не чекаме брисеви за да спасиме живот. Некогаш пациентите се негативни и се оперираат па стануваат позитивни, бидејќи биле во инкубација па развиваат клиничка слика подоцона… судбини секакви. И да, драги мои, работиме, претпазливо и тивко. И да, секој мора да се третира како позитивен зошто ако се преброиме, малце останавме. Слушам се жалите, гледам плукање по здравствен персонал. Се жалат пациенти дека не биле оперирани и нормално тука новинарите гледаат добра приказна, нов скандал. Не, не, драги мои, никој никого не жртвува и не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс. И ВИЕ ги турнавте во колапс. Баш ВИЕ. Секој ден е нова прераспределба, нова секирација, нови бројки кои не се само бројки за оние кои ги лекуваат, а секако и за тие кои ги изгубиле. Имаме апарати, имаме опрема и не ни требаат експерти од странство, ни треба физичка работна снага на обучени професионалци. Заглавивте со нас, но уште пострашно е дека ние заглавивме со вас. Да, жалам, ќе чекате, може и да не колнете, плукате, ама едноставно толку сме и тие сме. Бидете среќни што не имате. И да, да не заборавам кога ќе се разболи здравствен работник повлекува минимум 5-6 кои одат во изолација. Ми треба многу простор и време да ви опишам како изгледа еден ден…Само еден ден. И да не заборавиме, и ние сме само луѓе.
Па, би ве замолила да престанете со препукувања и политички флоскули и да помогнете ако можете со вашата свест и совест колку што ја имате зошто очигледно ВИЕ не го почитувате здравствениот систем, ВИЕ го жртвувавте здравствениот систем. И да, драги мои здравствени работници, да се надеваме дека за нас ќе има место барем во шаторите“, пишува Мојсова.

koronavirus mkdmaja mojsova

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он11/10/2025 - 13:2911/10/2025 - 14:50

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош

Горан Наумовски30/09/2025 - 09:50

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео