Цветковски: Во политиката не е се сино и портокалово, има и трета опција

Од:

Во преполната сала на Центарот за култура во Куманово вчера назависната политичка опција „Кога ако не сега“ ја промовираше програмата и советничката листа за претстојните локални избори.

На присутните првин им се обрати носителот на листата на советници д-р. Драги Караџински, кој нагласи дека нема да дозволат со пари на граѓаните да се хранат партиските каси и да се полнат џебови на поеднинци.

nezavisni-viktor1

Независниот кандидат за градоначалник, Виктор Цветковски, потсети дека во изминатиот период издржале силен притисок и понижувања, кои само ги направиле похрабри, поединствени и побројни во политичката борба.

-Покажавме дека во политиката не е се само сино и портокалово, туку има и трета опција, која ќе победи на овие локални избори. Во Македонија имаше забрана на слободно изразување, нефункционирање на институциите, тепање на пратеници, бркање на новинари, бојкот, уцени, исклучувања од партии. Видовме на кој начин се бранат партиските интереси. Доста е од непринципиелни коалиции и лидери, од партии кои заборавија да го штитат народот. Ништо не ги интересира само се грижат кој ќе триумфира, Бранко или Грујо. Во Куманово тоа не поминува – нагласи Цветковски.

Цветковски за програмата смета дека е реална и одговара на потребите на кумановските граѓани.

Во неа ветува изградба на обиколници, соработка со централната власт, нови паркови, градинки, мини – плоштади со забавни содржини во селата и населбите, поддршка на младински центри, ранливи категории и отворање на центар за сите етнички заедници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение