Цветковски вети решавање на инфраструктурни проблеми

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово од опцијата „Кога ако не сега“ Виктор Цветковски и кандидатите за советници на средбата со жителите од населбата „Бавчи“ ветија решавање на инфраструктурни проблеми.

– Еден од проектите значајни за оваа населба и соседните „Средорек“ и „Стари Лозја“ е возообнувување на Ромскиот културен центар кој ќе има за цел промоција на културните и традиционалите вредности на сограѓаните од ромската етничка заедница, рече Цветковски.

Тој вети изградба на локални патишта и изградба на пешачки мостови во месноста „Багрем Бања“, како и регулација на речното корито на Кумановка.

– По примерот на функционирањето на двојазични групи во градинките во Куманово на македонски-албански и македонски-српски јазик предвидено е и отварање на мешовита група во градинките и на македонски-ромски јазик, додаде Цветковски.

Тој промовираше и дел од програмата која се однесува на заштита на лицата со интелектуална попреченост, најавувајќи целосна финансиска поддршка на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост и формирање на мали групни домови, како и ослободување од општински давачки на семејствата на лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада