Цветковски: Решавање на комуналните проблеми во Куманово се најбитни

Од:

Решавање на комуналните проблеми, вети денеска независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово, Виктор Цветковски и носителот на листата Драги Караџински, заедно со кандидатите за советници, попладнево на средба со жителите од населбата „Ајдучка Чешма“.

– Досега оваа населба беше запоставувана и ги нема истите услови како останатите во општината. Самата месна заедница нема ниту објект. Локалната самоуправа е должна да остапи ваков објект, смета Цветковски.

Довршување на главниот пат, доизградба на канализациона мрежа, вети независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово.

– Изградба на спортски терен е неопходна за оваа населба која има млада популација која нема простор за спортски активности, рече меѓу другото Цветковски пред жителите.

Цветковски најави осветлување на патот кој ги вразува населбите „Ајдучка Чешма“,„Иго Тричковиќ“ и селото Тромеѓа.

– Во нашата програма предвидено е изградба на северна и јужна обиколница која ќе овозможи скратување на километрите за влез и излез од Куманово, додаде Цветковски.

Тој ги повика граѓаните да се осмелат и да гласаат за независата листа на советници.

– Нас исклучиво не интересираат потребите на граѓаните, а не партиски лидери и партии, рече Цветковски во обраќањето пред жителите од населбата „Ајдучка Чешма“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“