Цветковски: Проекти во Лозово за стопирање на миграцијата село-град

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Лозово Орце Цветковски најавува оти ќе го подобри стандардот на живеење во општината за да се создадат можности за вработување на младите.

–  На Лозово му се потребни работни места. Нашата младина останува да живее во општината, наша желба е да ги задржиме во општината,  да создадеме подобар услови за живот, таа да биде посакувано место за живеење и да ја спречиме  миграцијата село-град, рече денеска на прес-конференција Цветковски.

Тој информира дека  е изработен  Урбнистички план за индустриската зона во Лозово, поради што ќе продолжеле активностите за привлекување инвеститори. Ќе се работело и на создавање услови за отворање откупен пункт за земјоделски производи, производствен погон од текстилната индустрија, како и изградба на ново монтажно училиште во Каратманово, повеќенаменско игралиште во Милино, училишна спортска сала во Лозово.

Меѓу другото, посочи, се планира и давање под закуп на земјоделско земјиште од АК „Џумалија“ на инвеститори за подобрување на бизнис климата,со што би се вработиле голем дел од населението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија