Цветковски поднесе кандидатура за градоначалник на Куманово

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски денеска ја поднесе својата кандидатурата, до општинската изборна комисија, за претстојните локални избори.

Истовремено беше поднесена и листата на кандидати за советници, чиј носител е Драги Караџински.

Граѓаните на Куманово ќе добијат политичка гарнитура која ќе ги штити нивните интересите, а не интересите на политичките партии. Тоа е нешто што не разликува од сите други. Се надевам на слободни, фер и демократски избори. Ние како политичка независна структура која ќе учествуваме на локални избори, сигурно ќе им дадеме можност за тоа. Ќе водиме позитивна кампања, исклучиво преку проектите со кои ќе се претставиме пред граѓаните – изјави советникот Цветковски.

Политичката програма независната граѓанска опција „Кога ако не сега“ ќе ја промовира во понеделник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски