Цветковски: Куманово изминатиов периот имаше проблеми со приоритетите

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски и носителот на советничката листа, Драги Караџински вечерва својата изборна програма ја претставија на жителите на с.Табановце.

Цветковски истакна дека за има успешно општество, мора да постои партнерство помеѓу локалната и централната власт, без разлика од која политичка партија доаѓаат.

Во нашата изборна програма ставивме дека секоја изборна куќа ќе има вода, канализација и пат. Ќе го направиме патот од Бузова маала до Сланиште, кој ќе го поврзе целото село. Не се тоа големи средства, тие само треба да се менаџираат добро. Факт е дека во изминатиов период имавме проблем со приоритетите. Не може да бидат приоритети одредени активности на локалната самоуправа, убаво е и да имаме странски ѕвезди на плоштадот, кошаркари, ракометари и т.н, но тоа не е приоритет. Приоритет е секое населено место да има канализација и вода – изјави тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија