А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Цветков: Обвинувањата на СДСМ се неоснавни, нема причина да поднесам оставка

by А1он28/07/2016 - 16:31132
Share0

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска пред пратениците рече дека нема да поднесе оставка зашто сите обвинувања од опозицијата против него се неосновани и злонамерни.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Не планирам да поднесам оставка и не гледам причина затоа, истакна Цветков, одговорајќи му Панче Орцев од СДСМ, кој на собраниската седница праша кој ќе понесе одговорност за состојбата со „јазлеста кожа“, за проблемите со откупот на оризот и пченицата, за исплатата на субвенциите и за злоупотреба на средства во програмата за рибарство.

Веднаш по појавата на „јазлеста кожа“, нагласи Цветков, Министерството одвои средства за 250.000 вакцини, но проблем беше фирмата која требаше да ги увезе.

– Ние баравме гаранција за парите што и ги даваме, но фирмата не можеше да ги обезбеди, не беше моќна. Од тие причини, отидовме на втора фирма и ги увезовме вакцините. Пред тоа добивме помош од Европската комисија, 50.000 вакцини, по што веднаш почнавме со вакцинирањето, објасни министерот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Болеста, информира, е појавена во 43 општини, главно во источниот дел и во северна Македонија и има 1.300 жаришта. Угинате се 3.100 животни што е 1,2 отсто од вкупниот број говеда 242.000 грла.

– Ако угинат 1,2 отсто не можеме да кажеме дека ситуацијата е драматична. Секако дека е проблем за земјоделците, но сепак, се работи за 1,2 процента. Тоа не би требало да се одрази врз производството на месо и млеко. Проблемот малку се одолговлечи поради административните проблеми. Вакцината ја произведува само една фирма во цел свет, во јужа Африка, а појавувањето на болеста во регионот доведе до тоа да нема доволно вакцини што беше дополнителна причина за застој. Но, вакцините стигнаа, добитокот е вакциниран, а отштета ќе биде исплатена согласно законот, потенцира Цветков.

Според него, не е точно дека средствата од ИПАРД се скратени.

– Рековте дека Европската комисија ги скратила фондовите за земјоделството. Тоа е тотална лага, воопшто не се скратени средства, напротив. Јас како министер посветив големо внимание на ИПАРД Програмата. Од 2015 до 2017 година се одобрени седум милиони евра, одбрани се изведувачи и проектите се во тек, подвлече Цветков.

Во врска со субвенциите, Цветков нагласи дека ако се најде случај каде апликациите се исправни, а поддршката не е исплатена, тој самиот ќе преземе обврска да се исплатат, додека службеникот кој не ја реализирал исплатата ќе сноси одговорност.

За чистењето на каналите во 2014 година, министерот повтори дека е спроведена целосна постапка согласно Законот за јавни набавки. Како што објасни, за оваа намена се јавиле 17 фирми, од кои четири добиле на електронската аукција, за што постојат записници, и тие се избрани.

Цветков информира дека формирал и Комисија со членови од сите министерства, за што постои записник од 50 страници со фотографии дека каналите од 149 километри се исчистени, по што се исплатени сите средства.

cvetkovvlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео