Цветен фестивал во Градскиот парк во Скопје

Од:

Утре и задутре во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи петтиот Скопски цветен фестивал, што е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“. Мотото на фестивалот годинава е „Во боите на виножитото“.

Фестивалот ќе почне на 12 мај со цветно дефиле кое ќе тргне од фонтаната „Лотосов Цвет“ во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и од основните училишта, облечени во боите на виножитото. Децата ќе се ќе се движат по пет различни патеки во паркот, а ќе ги следат над 200 велосипедисти. Официјалното отворање на цветниот фестивал коешто е закажано за во 12 часот со свои настапи ќе го збогатат Арсихана Лучи, децата од „Златно славејче“, Диана Тахири и Драмското студио OXO.

Во текот на двата фестивалски дена посетителите на Градскиот парк ќе имаат можност да учествуваат во целодневни активности што ги нуди програмата, да погледнат различни видови цвеќиња и цветни аранжмани, да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика и да поминат пријатни мигови со своите најблиски.

Петтиот скопски цветен фестивал има за цел на едно место да ги собере сите љубители на цвеќињата и природата, уметниците, децата и учениците коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават 40-тина изложувачи-цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.
Фестивалот за посетителите ќе биде отворен до 18 часот во недела (13 мај 2018 година).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски