ЦУК: Во последното деноноќие имаше 39 пожари, од кои активни се шест

Од:

Во текот на вчерашниот ден според извештаите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари – од коишто до утрово активени се уште се шест.

Активните пожари, како што информираат од ЦУК, се во три општини и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месност „Аргулица“, под Солунска Глава каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште. Четири пожари се во Општина Прилеп, и тоа кај село Алинци каде гори депонија, село Шелеверци каде гори ниска вегетација, село Мало Рувци, каде што гори нискостеблеста шума, трева, грмушки, букова шума и ниска вегетација, село Веселчани и кај село Старо Лагово каде гори ниска вегетација. Во Oпштина Велес, има пожар на ридот во населба „Превалец“, каде што гори гори ниска вегетација.

Изгаснати се 33 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, депонии, а и трска.

Би можело да ве интересира

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Во пресрет на сезоната на пожари: 50 застарени возила на АРМ и МВР ќе се „маскираат“ во нови

ДЗС: Двајца пензионирани пилоти годинава ќе гаснат пожари со „Ер тракторите“

Шумски пожари избувнаа во три области на Измир

Масовни евакуации во Канада поради пожари: Повеќе од 17.000 луѓе ја напуштаат Манитоба

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари

А1он