ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Велес кај селото Црквино, во Неготино кај селото Црвени Брегови и во Богданци кај селото Стојаково, каде горела претежно ниска и деградирана вегетација.

Пожари се изгаснати и во Струмица кај селото Добрејци, во Босилово кај селото Босилово, како и во Општина Василево, на потегот меѓу селата Чанаклија и Ѓечерлија, каде биле зафатени депонија и ниска вегетација.

ЦУК информира дека локализирани и изгаснати се и пожарите кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, кај прилепското село Царевиќ, во селото Нов Караорман во Општина Карбинци, како и во штипската населба Баби до месноста Мирјанина Црква.

Меѓу изгаснатите се и пожарите во Берово кај селото Смојмирово, во Бутел на Љуботенски Пат, во Куманово на улицата „11 Ноември“, во Општина Брвеница кај селото Милетино и во Општина Кривогаштани кај селото Воѓани, каде гореле депонија и ниска вегетација.

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека состојбата со пожарите континуирано се следи и апелираат до граѓаните на внимателно однесување на отворен простор со цел спречување на појава на нови пожари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје

Пожар на депонијата „Краста“