ЦУК: Внимавајте да не предизвикате пожар

Од:

Граѓаните да внимаваат при посети на излетничките места (особено за време на празниците) или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери, апелира Центарот за управување со кризи.

Поради високите температури кои се очекуваат деновиве, како што велат од ЦУК, се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места.

Граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.

ЦУК апелира до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Гори ниска вегетација и шума кај селата Ајватовци, Долгаец и Никуштак

Активни се шест пожари, под контрола се три, а седум се изгаснати

Пожарите во близина на селата Мерово и Церово се целосно изгаснати

Горан Наумовски

Изгаснат пожарот кај Церово, активни се четири пожари

76-годишна жена призна дека подметнала 11 пожари

Гори шума во селото Долгаец, пожарите на Кожуф и во „Јасен“ се под контрола