Владата и одобри на ДЗС да ангажира двајца пензионирани пилоти на Ер трактори

Од:

Владата на денешната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело.

– Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење, наведува ЦУК.

Се уште е активен пожарот на Серта во Неготинско, кој избувна вчера околу 10.30 часот. За вечерва во 22 часот е закажан нов состанок на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, формиран синоќа на вонредна седница на Советот на општината.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Депонијата „Дрисла“ гори, од пожарот се испушта поголема количина густ чад кој се чувствува и во пошироката околина

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Активни се четири пожари на три локации во земјава

Томевски: Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево

Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Опожарени се помошни простории на викендица во вчерашниот пожар кај Раштак