ЦУК: Вчера се изгаснати 19 пожари на отворено

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека имало 19 пожари на отворен простор вчера и сите се изгаснати, а активни пожари од вчерашните во државата, нема.

-Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

Гори ниска вегетација и шума кај селата Ајватовци, Долгаец и Никуштак

Активни се шест пожари, под контрола се три, а седум се изгаснати

Пожарите во близина на селата Мерово и Церово се целосно изгаснати

Горан Наумовски

Изгаснат пожарот кај Церово, активни се четири пожари

76-годишна жена призна дека подметнала 11 пожари