ЦУК: Стабилна хидролошката состојба

Од:

Хидролошката состојба во поплавените подрачја е стабилна. Протеците во реките се враќаат во нормална состојба, со тенденција на намалување кое ќе се случува и во наредните денови, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

– Во моментов сите надлежни институции кои се дел од системот за управување со кризи работат на санирање на штетите во зафатените места, а во соработка со Црвениот крст, на сите загрозени лица им беше доставена неопходната помош – храна, вода, ќебиња и основни хигиенски производи. Тоа ќе продолжи и во наредниот период. Регионалните кризни штабови во овие региони континуирано ќе заседаваат и заедно со општинските комисии ќе се вршат проценките на штетите од поплавите, информира ЦУК.

Центарот потсетува дека граѓаните може да се јават на нивниот бесплатен телефонски број за итни повици 195 доколку забележат појави кои се потенцијален ризик или опасност по здравјето на луѓето и нивните материјални добра. Доколку, пак, имаат потреба од лекови и медицинска помош, да се јават на бројот 194 во Итната медицинска помош.

Според прогнозите на УХМР, утре ќе биде променливо облачно и постудено со повремен дожд во попладневните часови, претежно во јужните делови од земјата. Интензитетот ќе биде слаб до умерен и ќе изнесува најмногу до 10 литри на метар квадратен во југозападните подрачја. На планините ќе има повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Потоа ќе следува стабилно и суво време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ