ЦУК: Се уште активен пожарот во село Требовље

Од:

Пожарот во атарот на село Требовље е се уште активен на месноста викана Лутоец и покрај патот што води од селото Самоков, месноста викана Дреноец, кој се протега низ борова шума од двете страни на патот. Жариштето е присутно на месноста викана Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место Растеш.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментов за пожарот во атарот на селото Требовље ангажирани се Подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Македонски Брод, Прилеп и Кичево. Се очекуваат да пристигнат уште лица од ДЗС, месно население, територијални противпожарни единици од Македонкси Брод, Скопје, Куманово и Кавадарци, еден авион на ДЗС, војници од гарнизонот Кичево, од ЈП „Македонски шуми“-подружници Македонски Брод и Кавадарци и од општина Македонски Брод.

– Поради големината на просторот, лошиот терен, видот на горивата, материја (борова шума), високите темпетатури и присуство на ветар, се појавуваат потешкотии при гасењето на пожарите во овој регион, информира ЦУК.

Загрозената викендица и пчелните семејства во вчерашниот ден се спасени од пожарот во село Слатина, но тој се шири кон местото викано Видуш и во моментов не може да предизвика поголема материјална штета. За пожарот во село Слатина ангажирани се вработени на ЈП „Македонски шуми“.

Центарот за управување со кризи информира дека е во постојана координација со надлежните институции и оти ја следат состојбата. На пладне ќе се одржи состанок на Оперативно-координативно тело за заштита на шумите од пожари.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче