ЦУК: Риболовец во животозагрозувачка состојба спасен во близина на браната „Козјак“

Од:

Риболовец во животозагрозувачка состојба бил спасен денес на брегот на браната „Козјак“, информира ЦУК. риболовецот имал срцеви проблеми па побарал помош преку бројот за итни случаи, но поради прекин на контактот со службите имало потешкотии при лоцирање.

„Во периодот по 19 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е добиен повик од возрасно лице – рекреативен риболовец на езерото Козјак, коешто заради проблеми со срцето снеможело и било во животозагрозувачка ситуација. Лицето успеало да прати дигитална локација, а потоа не било контактибилно. Неговата локација веќе ја имале и дежурните од Единствениот број за итни случаи 112, кога тој успеал да се јави на бројот. Неговиот телефонски број бил даден и во Итната медицинска помош, со што имало можност и лекар да комуницира со лицето за медицински совети согласно можностите и ситуацијата.

Со брзата интервенција на Итната медицинска помош, во содејство со полицијата и со дежурните од Јавното претпријатие „Јасен“ на пунктот „Кула“, лицето било пронајдено покрај брегот на езерото „Козјак“. За време на спасувачката акција бил прекинат патот со времен режим на сообраќај, освен за медицински тимови.

Медицинскиот тим од Итна медицинска помош на лице место го згрижил пациентот и со болничко возило се упатил прво кон Општа болница во Прилеп, а потоа, согласно медицинската проценка, со медицинско болничко возило и лекарски надѕор, било упатено кон Клиниката за кардиологија во Скопје. Според, последните информации кои се добиени во ЦУК, рекреативниот риболовец на Акумулацијата „Козјак“ е во контактибилна состојба“, додаваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Потрага по рибар кој исчезнал во езерото Козјак

Езерото Козјак останува без вода, остатоци од потопеното село и рибниците излегоа на површина

Кристијан Ландов

Акција за чистење на езерото Козјак

Ана Ололовска

Акција за чистење на Козјак по повод Денот на планетата Земја

Ана Ололовска

В недела акција за чистење на езерото Козјак

Ана Ололовска

ФОТО: Поцрвене водата во езерото Козјак

Ана Ололовска