ЦУК: Пчиња се излеа од коритото кај селата Пелинце и Стрновац

Од:

Реката Пчиња се излеа од коритото кај селата Пелинце и Стрновац, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.

Оттаму известуваат дека од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

-Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња. За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности, соопштија од ЦУК.

Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.

Би можело да ве интересира

На премините Табановце и Пелинце се чека до 45 минути

Горан Наумовски

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

На „Табановце“ се чека од 30 до 45 минути, а на „Пелинце“ за влез во земјава се чека околу 30 минути

Продолжува застојот на границите, се чека на Богордица, Табановце и на Пелинце

ВИДЕО: Гужви на границите, се чека и за влез и за излез

Катерина Ѓуровски

Мостот на река Пчиња во исклучително лоша состојба, Општина Куманово аплицирала со проект за санација