А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЦУК: Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие

by А1он12/08/2022 - 08:1612/08/2022 - 08:16167
Share0

Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Добивај вести на вибер

Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18:05 до 21 часот го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски – Карпош” – Раштански лозја, каде гореше сува трева.

Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа од 19:20 до 19:40 часот го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица „Ферид Бајрам”, каде горела сува трева.

Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје- Велес, каде гореше сува трева и дрва. На оваа локација интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од 21:50 до 22:50 часот.

ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово и два пожара во Куманово.

Во општина Градско, во село Ногаевци горела ниска вегетација, шавар, багрем, и јасика. Пожарот е изгаснат од пет пожарникари со едно противпожарно возило, во период од 14 од 18:15 часот.

Во село Курбиново, Ресен горела ниска вегетација и јаболкови насади. Интевенирале 15 пожарникари од ТППЕ Ресен со пет противпожарни возила, едно возило за дотур на вода од комунално претпријатие, едно возило и осум вработени од Национални шуми, едно возило и четворица ренџери од Ренџерска служба, едно возило и двајца вработени од Национален парк – Пелистер, едно возило и еден вработен од општина Ресен и месното население. Се интевенирало синоќа, од 20:45 до 00:45 часот. Се работи за површина од десет хектари.

Изгаснат е пожарот во Битола, кај стариот млин на патот Битола – Прилеп, каде гореше стрниште. Пожарот го гаснеле двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

ЦУК информира дека се изгаснати и пожарите во село Горно Агларци, општина Новаци, во село Варош, општина Прилеп, во село Пештани, општина Охрид.

Изгаснат е пожарот во Тетово, кај селата Беловиште кон Куново, каде горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени од Национални шуми – Шар.

Во близина на автопатот Скопје – Куманово горела ниска вегетација, а од 19:20 до 20:25 часот интервенирале тројца пожарникари со едно протвпожарно возило.

Изгаснат е пожарот во Куманово, кај Пчински пат, каде горела сува трева. Од 14:10 до 16:00 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

pozari

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 11:2714/03/2026 - 11:27

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

Горан Наумовски25/09/2025 - 21:08

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

Горан Наумовски24/09/2025 - 13:30

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски24/09/2025 - 08:1224/09/2025 - 08:14

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски21/09/2025 - 17:2221/09/2025 - 17:23

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

Горан Наумовски21/09/2025 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен