ЦУК: Изутрината активни биле четири пожари, вчера 20 пожари на отворен простор

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изутринава имало четири активни пожари и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, каде што горела ниско стеблеста шума и пасиште, во општина Прилеп, кај село Алинци и во Општина Сопиште кај село Света Петка, каде што гореле депонии и во Општина Студеничани кај село Осинчани каде што горела ниска мешана шума и сува трева.

На отворен простор вчера имало вкупно 20 пожари, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии. Утрово активни биле четири пожари, а изгаснатите 16 пожари биле во општините: Гази Баба, Сарај, Босилово, Кривогаштани, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Струга, Чашка, Куманово и во општината Јегуновце.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче