ЦУК: Изгаснат пожарот над велешкото село Мелница

Од:

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека пожарот над велешкото село Мелница е изгаснат. Чад има само од мал дел од опожарените трупци, но поради дождот, се очекува тие во целост да бидат изгаснати.

-Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10.10 часот од ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известија за пожарот над село Мелница, кај месноста „Ливаѓе“, што гореше од 15.40 часот вчера, дека уште мал дел од опожарените трупци чадат. Но, заради дождот што во моментов врне, истите ќе се изгаснат во целост, се вели во информацијата од ЦУК.

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна – Велес вчера соопштија дека пожарот е на непристапен терен.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски