ЦУК: И попладне ќе има невреме, не се изложувајте на опасности

Од:

Врз основа на добиената временска прогноза од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, и денес подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град, апелираат од Центарот за управување со кризи.

Од таму апелира до граѓаните, без особена поголема причина да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосверски електрични празнења.

– Исто така, без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност. Им препорачуваме на населението во случај на итна потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-полиција, 193-Противпожарна бригада, 194- за потреба од Итна медицинска помош и 195 – телефон за сите можни ризици и опасности во Центарот за управување со кризи. Покрај тоа, населението од Градот Скопје да ги користат трите новопоставени телефонски броеви за пријавување на одредени настанати опасности или дефекти во нивната средина – апелираат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје