ЦУК: Девет пожари на отворено, два се уште активни

Од:

Во последното деноноќие имало девет пожари на отворено, од кои два пожара се уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите од ТППЕ Куманово во петокот од 14:05 до 15:25 часот биле на интервенција на пожар во атарот на село Виштица во Општина Липково. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и деградирана шума. Поради непристапноста на теренот екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интервенираат, по што било известено ЈП „Национални шуми“ подружница од Куманово и ПС Матејче.

– Според комуникацијата, остварена со директорот од ЈП „Национални шуми“ подружница од Куманово, шумскиот пожарот во село Виштица е се уште активен на терен, иако вчера било интервенирано со двајца вработени, а за денеска било планирано да се интервенира со поголем број од вработени, соопшти ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Кочани вчера, од 21:39 часот, по пријавата на 112 за пожар на отворено на патниот правец Кочани кон Пониква, отишле на терен и утврдиле дека се работи за запалена депонија на патен правец каде поминуваат излетници.

Поради контрола над запалената депонија за пожарот да не се прошири надвор од депонијата во квалитетна шума, на терен била оставена екипа со два пожарникара со едно противпожарно возило и тројца доброволци.

ЦУК потсетува да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 829 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 56,48 отсто, а 43,52 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 60,07 отсто, кон итната медицинска помош 33,56, а кон пожарникарите 5,70 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Запалени две диви депонии во тетовско

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“