ЦУК: Армијата прати хеликоптер за гаснење на пожарот над Галичник, но е приземјен заради силниот ветер

Од:

Хеликоптерот што го испрати Армијата за гасење на пожарот над Галичник е приземјен заради силниот ветер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Шумскиот пожар заради засилениот ветар сe’ уште претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

„Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар“, велат од ЦУК.

Во координација се регионалните центри за управување со кризи коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари.

Како што претходно беше соопштено, на терен се екипи од противпожарната служба, како и екипа на Национален парк.

Во меѓувреме, се’ уште е активен и пожарот во Беровско, од вчера, којшто засега не претставува опасност по населените места.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице