ЦУК: Активни се пет пожари

Од:

Во текот на денешниот ден, до 20 часот, има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола е еден и изгаснати се 10, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активните пожари се во општините Чашка, Долнени, Штип, Студеничани и Гази Баба.

АКТИВНИ: 5

1. Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица (мешана шума);

2. Долнени: с.Десово – с.Дреновци (8 ТППЕ, 4 НШ) – префрлен од с.Степанци, Општина Чашка;

3. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);

4. Општина Студеничани: с.Љубош – с.Горно Количани кај каменолом Вртекица (ниска вегетација);

5. Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ѓубре и сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста (ниска вегетација и нискостеблеста шума).

ИЗГАСНАТИ: 10

1. Општина Охрид и Ресен: планина Галичица;

2. Општина Струга 1: с.Драслајца – с.Биџево (сува трева);

3. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);

4. Општина Куманово: Споменик Костурница (сува трева);

5. Општина Сарај: с.Крушопек (ѓубре и сува трева);

6. Општина Брвеница: с.Стенче, м.в.Папради (сува трева);

7. Општина Прилеп: с.Селце (сува трева);

8. Општина Долнени: с.Ропотово – с.Лажани (сува трева);

9. Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума);

10. Општина Свети Николе (сува трева и трње).

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски