ЦУК: Активни пет пожари, вчера регистрирани 37

Од:

Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума); Општина Долнени, с.Долнени (ниска вегетација) и во Општина Куманово, кај с.Лубодраг (ниска вегетација).

За дел од пожарите што загрозувале села вчера се дејствувало и со воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, а некаде покрај противпожарните тимови во одбрана на селата се вклучило и месно население.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он