Црвенковски: Во наше време не се градеа споменици, туку корисни објекти

Од:

СДСМ, медиумите ги донесе на Козкјак, за на лице место да одговорат на обвинувањата на Власта и да покажат што се градело некогаш, а што сега. Хидроцентралата „Козјак“ е најголем електроенергетски објект. Македонија ја чинеше 173 милиони долари. Започната е со градба 1994-та година, а изградена и пуштена во употреба 2005-та.

15 милиони евра годишно е чистата добивка за РМ.

„Во наше време не се градеа споменици, жални врби, скапи огради, туку корисни објекти“, рече лидррот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Од изградбата на „Козјак“ наваму не е ништо направено, вели Црвенковски.

„Затоа сега увезуваме струја и затоа струјата е скапа, а има и тенденција на пораст“, додаде Црвенковски.

СДСМ кога ќе ја преземе власта, нема да дозволи неуспешни тендери и ќе инвестира во енергетиката и инфраструктурата. Целосно ќе ја гасифицираме Македонија, бидејќи тоа е евитин и чист енергенс.

Ќе градиме со евтини кредити од Светската банка.

„Козјак“ е значаен бидејќи го штити Скопје од поплави. 20 илјади домаќинства можат да црпат енергија за своите секојдневни потреби од ХЕЦ Козјак.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски