Црвенковски: Владините медиуми ги направија пералници на пари

Од:

Вечерва на митингот во Гази Баба, пред присутните се обрати и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Народот, рече не може да го владее никој со сила, не може никој да го покори.

„Се победи стравот, се разбуди желбата да се победи ова зло надвиснато над нашите животи и над нашата земја. Отпорот продолжува, одиме до крај, одиме до конечна победа. Овој режим мора да се порази. Тоа шро некогаш погрешно сега е правилно, глупоста се прикажува како доблест. Државата се третира како сопственост, а Уставот како препрека која може да се прескокнува“, рече Црвенковски.

Или брзо ќе се изврши пресврт, или ќе ја поминеме црвената линија, преку која враќање нема, рече Црвенковски.

„Прво на локалните, а потоа на предвремени парламентарни избори ќе си ја вратиме државата. Барам од Вас, ако искрено ви лежи партијата на срце, ако се борите за интересите на државата да работите за СДСМ и за „Сојузот за иднината“. Власта ве третираше како предградие. Време е тоа да се смени. Тоа може само со добра воља. Ве повикувам да им ја дадете подршката на кандидатите на „Сојузот за иднината“, бидете дел од победничката коалиција за поубаво Скопје. Имаме шанса да ги казниме за 7-те години малтретирања и притисоци, за сите газења, за сите списоци за гласање по директива. Да ги казниме зошто на телефон не може слободно да се говори. 7 години безобразно лажат. Сите критички телевизии и весници ги затворија, а владините медиуми ги направија пералници на пари“, рече Црвенковски.

Повика на 24. март да им се наплати за сите пари кои ги украде власта.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“